Спасовски му ја предаде премиерската функција на Заев (ВИДЕО)

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, му ја предаде функцијата иден премиер на Зоран Заев, кој вчера беше изгласан за претседател на Владата со 62 гласа за и 51 против.

-На денешното примопредавање на премиерската должност, на премиерот Зоран Заев му посакав успешен 4-годишен мандат на новата Влада, во којашто заедно ќе се заложиме да ги оствариме приоритетите за коишто ја добивме довербата од граѓаните: сигурна иднина, заштита на јавното здравје, нова развојна економија, правда, европски перспективи. Имав чест и голема одговорност да ја предводам Владата во специфичен период, во којшто заедно се согласивме дека преодната Влада успешно одговори на предизвиците. Продолжуваме да работиме заедно во новата Влада, на граѓанските интереси и за доброто на државата, секој од нас според доверените должности, стои во објавата на фејсбук профилот на Спасовски.

Премиерот Заев му се заблагодари на досегашниот премиер Спасовски за успешната работа на техничката влада во изминатите 9 месеци, која храбро и успешно се справи со здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19.

-Во такви сложени услови, успешно беа организирани и спроведени фер и демократски избори и избрана новата Влада.

Во овој период Северна Македонија стана горда членка на НАТО Алијансата и продолжи да ја остварува зацртаната ЕУ перспектива по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со Европската Унија.

На колегата Спасовски му посакав успешна работа на функцијата министер за внатрешни работи, и плодна соработка и активно учество во работата на Владата во донесување на политики од интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, истакна Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот