Спасовски: Мизрахи грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата

Несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува. Ги повикувам членовите од преодната Влада со интегритет да ја извршуваат фунцкијата, да ги почитуваат законите и да го дадат својот максимален придонес во овие исклучително важни услови за земјата, рече вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски, образложивајќи го Предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Спасовски изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже демократски капацитет и ќе предложи нов кандидат за министер.

-Побарав Мизрахи да биде разрешена по серијата нејзини настапи на кои грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Во Владата не го корегираше ова свое однесување. Секој треба да ги почитува Уставот и законите, а институциите мора да функционираат беспрекорно –  нагласи премиерот.

Прочитајте и...  Италијанската блокада ќе биде укината во две фази

Нашата држава, потенцира, е во многу значаен период кога треба да се организираат фер, демократски избори и да се завршат активностите за членство во ЕУ и НАТО. Затоа, да направиме сé за да дадеме што повеќе позитивни аргументи за да добиеме датум за почеток на преговорите, рече тој.

-Сега е моментот да дадаме максимум за добро на граѓаните и државата, да ги оставиме настрана стават партиските и личните интереси. Владата мора да овозможи континуитет на институциите, владење на правото. Имаме историска одговорност за организирање избори какви што доликуваат на европска демократија. Апелирам до опзоцијата – одговорноста за спроведување беспрекорни избори е и Ваша, не само на парламентарното мнозинство. Вие побаравте, а мнозинството прифати да се формира преодна влада, а ако побаравте преодна влада за да правите хаос, ниту смее, ниту треба да ви се дозволи тоа. СДСМ и коалциијата покажаа како се организираат избори и како демократски се управува со државата. сега е време ВМРО да се одважи и охрабри, да ги прифати и спроведува демократските стандарди, времето на флоскули и калкулантство трееба да заврши – порача Спасовски.

Прочитајте и...  Возач од итна медицинска помош е позитивен на коронавирусот

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара од Спасовски да си поднесе барање за сопствено разрешување зашто во образложението го користеше името Република Македонија, што исто така, како што укажа Мицевски е противуставно.

-Изгелда потсвеста многу работи, па сакајќи или не го употребувате името Република Македонија. Очекувам дека ќе поднесете барање за Ваше разрешување, да бидете принципиелни, да покажете дека немате двојни аршини – рече Мицевски.

Прочитај повеќе

Петти дена нема новозаразени во Дебар и Центар Жупа

Автомобилски гигант БМВ ќе произведува медицински маски

Слободен печат

Италија ги затвори пристаништа за мигрантите поради коронавирусот

МИА Агенција

Се бара начин да им се помогне на сточарите за откупот на јагнето во Малешевијата

Слободен печат

Германија ќе прифати до 500 малолетни бегалци, првите 50 следната недела

МИА Агенција

Одобрени првите бескаматни кредити за поддршка на 136 мали и средни компании во висина од 1,26 милиони евра

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Вработените во судската служба неискористениот дел од годишниот одмор да го искористат до 31 мај годинава

Слободен печат

Австриската економија пандемијата ја чини 11 милијарди евра

МИА Агенција

Чулев: Во наши раце е најсилното оружје за запирање на ширењето на вирусот, а тоа е социјалната дистанца

Слободен печат

Бројот на починати од Ковид-19 во Шпанија е помал во однос кон крајот на март

МИА Агенција

Се одложува издржувањето на казна затвор за оние лица кои се осудени до три години

Слободен печат

Во Франција привремено без работа останаа 6,3 милиони лица

МИА Агенција