Спасовски: Македонија ќе стане триесетта земја членка на НАТО

Да разговараме и да изнајдеме решение, со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија, истакна Спасовски.

Премиерот Оливер Спасовски не очекува застој во носењето на новиот закон за јавно обвинителство, при што порача дека е неопходна соработка на вклучени страни во процесот.

При неговиот престој во Кочани по повод празникот Богојавление – Водици, тој нагласи дека се работи за прашање од висок државен интерес.

– Ќе направиме сè во наредниот период да работиме сите заедно и сметам дека секој од политичките субјекти треба да биде на висина на задачата. Да разговараме и да изнајдеме решение, со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија, истакна Спасовски.

Премиерот даде краток одговор и на новинарско прашање за пристапувањето на земјата кон НАТО.

– Тоа е тековно прашање и очекуваме дека ќе се заврши во најскоро можно време. Македонија ќе стане триесетта земја членка на НАТО, додаде Спасовски.

Во врска со најавените измени во Законот за медиуми, Спасовски истакна дека се прават неопходните анализи и од добиените податоци, во комуникација со медиумите, ќе биде предложено соодветно решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот