Спасовски – Курти: Да ги координираме мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Косовскиот премиер Албин Курти во телефонски разговор денеска на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски му изразил честитки и поддршка за начинот на кој земјата се справува со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

Премиерот Спасовски во разговорот со премиерот на Косово, изразил задоволство од соработката со Владата на Косово во овој кризен период.

– Двајцата премиери разговараа за можностите за координирано справување со последиците од пандемијата на КОВИД-19 и во корист на здравјето на граѓаните, за рестартирање на економијата и за зајакнување на деловните врски меѓу Косово и Северна Македонија во нови услови, како и за усогласување на мерките за нормализација на комуникацијата во сите области меѓу двете земји во наредниот период, се вели во денешното соопштение од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Во разговорот меѓу премиерите Спасовски и Курти била потенцирана согласноста дека брзата интеграција во ЕУ на сите држави од Западен Балкан, како и интензивната регионална соработка се темел на развојот, сигурноста и иднината на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот