Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој нападна Ром, суспендиран уште еден полицаец

Поведена е кривична пријава против еден полициски службеник од Битола, кој вчера брутално нападна Ром во Битола. Тој заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник. Ниту еден ваков чин не може да се поправи. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полицијата и полициските службеници. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните, рече Спасовски.

Претепаните Роми од битолската полиција сведочеа во живо: Не малтретираа како стока, не тепаа и држеа во станица до 5 сабајле (ВИДЕО)

Тој го осуди и нападот на полициските службеници од страна на двокрадци во велешко. Приведени се четири лица и има 10 осомничени лица.

Но, рече министерот Спасовски, мораме да кажеме дека за жал сме сведоци и на се позачестени напади врз полициските службеници.

-Очигледно е дека зголеменото присуство на полицијата на терен и јасната порака дека влегуваме во пресметка со криминалот предизвикува реакција кај криминалците. Таков е и случајот со дрвокрадците во велешко кои вчера нападнаа петмина полициски службеници, од кои еден наш колега со сериозни повреди е во клиничкиот центар во Скопје. Заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски го посетивме нашиот колега во клиничкиот центар и се надеваме дека и тој и другите четворица колеги што побрзо ќе закрепнат и повторно ќе се вратат да им служат на граѓаните.  Да бидеме јасни и никој да нема дилема. Секој што ќе нападне полициски службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, ќе се соочи со законот. Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки и однесување нема да се толерираат. Ние веќе имаме приведени лица, продолжуваме со претреси и дополнителни активности и јасно порачуваме дека овие насилници ќе одговараат. Очекувам и брза постапка и на Јавното обвинителство, без калкулации! Заедно да придонесеме насилниците да одговараат. А ние како Министерство за внатрешни работи во наредниот период уште поинтензивно влегуваме во пресметка со криминалот- рече министерот Спасовски.

Спасовски рече дека се вршат претреси и се преземаат дополнителни активности со цел да се расчисти случајот. Очекува и брза постапка од Обвинителството.

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО: Тројца полицaјци претепаа Роми во Битола (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот