Спасовски: Кој ќе создаде поповолни услови таму ќе одат и инвеститорите

Сите проекти кои се однесуваат на инфраструктурата ќе продолжат со силно темпо, најави техничкиот премиер Оливер Спасовски при денешната посета на ТИРЗ – 2.

-Како Влада сме определени да направиме се да ги завршиме условите во ТИРЗ зоните и на тој начин да се подготвиме за поголема економска активност во периодот по кризата, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски при денешната негова посета и увид во активностите на на ТИРЗ – 2.

Според Спасовски кој ќе создаде поповолни услови таму ќе одат и инвеститорите и порача дека сите проекти кои се однесуваат на инфраструктурата ќе продолжат со силно темпо.

Директотрот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски, рече дека во ТИРЗ -2 во моментов во изведба е патната инфраструктура од 2.5 километри, а информираше дека и на другите индустриски зони во државава, како што се во Прилеп, Штип, Струга Кичево… интезивно се работи на привршување на инраструктурните зафати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот