Спасовски: Ќе ја оставиме ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, заедно со ДУИ (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Во Арачиново покажавме дека е можен соживот и грижа за сите, денес најавувам нови инвестиции за регионален развој, а со тоа и нови работни места, рече Оливер Спасовски, техничкиот премиер и носител на ИЕ2, Оливер Спасовски, на прес-конфереција во Арачиново.

-Арачиново за прв пат ќе ја добие првата детска градинка, за којашто е во крајна фаза е проектната фаза. Општина како Арачиново до децении била оставена без детска градинка. Ние за само три години инвестиравме во градба и реконструкција на 44 детски градинки- рече Спасовски.

Градиме и канализационен систем, потенцираше Спасовски, долг над 10 километри во Арачиново.

-Имаме завршено околу 55 проценти од градбата, инвестираме 106 милиони денари, ова е исполнување на едно од ветувањата во 2016 година- рече Спасовски.

Ниту еден капитален проект, рече Спасовски, не дозволивме да запре во оваа здравствено- економска криза.

-34 илјади просечна плата и 20 илјади денари минимална плата во следниот маднат, повисоки пензии и нови работни места. Ние ги насочуваме парите кај граѓаните и се грижиме за сите. Режимот на Груевски, обновен во Мицкоски, знае само за поделби и насочува пари само во своите џебови, затоа на овие избори ќе ја оставиме ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, самите себе да се обноват, на нив ќе им се придружат ДУИ, бидејќи по 17 години немаат што да им кажат на граѓаните- рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот