Спасовски: Ќе ги казнуваме полициските службеници кои ги злоупотребуваат овластувањата (ВИДЕО)

Најави дека продолжуваат со имплементација на стратегиите што ги подготвиле во изминатиот период и кои треба да придонесат за поефикасна работа на македонската полиција.

Полицијата заштитник и партнер на граѓаните, на сите граѓани без разлика на нивната етничка и партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација,социјално потекло, образование, на јазик, религија, имотен или општествен статус, политичко уверување, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прва негова прес-конференција откако се врати на оваа фуункција.

Најави дека продолжуваат со имплементација на стратегиите што ги подготвиле во изминатиот период и кои треба да придонесат за поефикасна работа на македонската полиција.

– Се разбира, добрите резултати на полицијата доаѓаат со работа на мотивирани полициски службеници на кои постојано им ги подобрувавме и ќе им ги подобруваме условите за работа и стандардот, а тоа треба да го направиме уште поинтензивно во наредниот период- рече Спасовски.

Министерот Спасовски додаде дека полицијата е партнер со медиумиските работници и во таа насока ќе се продолжи заедичката соработка, да се штитат медиумите и новинарите, превентивно да се делува и да се санкционираат сите оние кои ќе се обидат вербално или физички да нападнат медиумиски работник.

– Ќе ги санкционираме и полициските службеници кои работата противно на законите и ги злоупотребуваат нивните овластувања. Во изминатиот период имаше такви примери што беа презентирани во јавноста и очекуваме многу скоро да бидат соодветно санкционирани, затоа што е чест да се бид еполициски сужбеник, да се служи на граѓните и на државата и секој што ја носи униформата на макеоднката полиција мора да биде пример за чеснот, одговорност и на почитување на законите, дециден беше миниитерот за внатрешни работи.

Тој информира дека се продолжува и со реновирање и реконструкција на полициски објекти, но и со изградба на нови објекти и набавка на нови униформи. Во напредна фаза, истакна Спасовски, е и изградба на зградата на крим техника со современа форензичка лабораторија, со што ќе се влијае и на брзината на постапките. Граѓаните, рече, со право очекуваат современи методи на постапување на полицијата, адекватни на оние во современите земји.

МВР во соработка со МО и МИА ќе ги продолжи реформите и во областа на сајбер безбедноста, а во соработка со другите институции и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

– Доаѓа време на ред, правда, ред и дисциплина. Законите се донесени и сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Владата ќе биде партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес кои сакаат да придонесат кон градење на системот на правда, што ќе им служи на граѓаните и на државата, рече министерот Спасовски.

Република Северна Македонија, потенцира Спасовски, доби нова мала ефикасна и одговорна влада подготвена да работи и да сработи посветено во интерес на граѓаните и на државата.

– Со изборот на Владата го комплетираме системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет, кои ефикасно ќе работат во надминување на последиците и предизвиците предизвикани со корона кризата, што е дополнителен мотив да работиме двојно повеќе и тоа што е можно со помалку последици, истакна министерот Спасовски и додаде меѓу другото дека очекува да продолжи и соработката со медиумите. 

Прес на МВР Оливер Спасовски

Publiée par MИА.mk sur Mercredi 9 septembre 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот