Спасовски: Јасно е дека нема да има избори, но мора да најдеме правен механизам како тоа да го прекинеме

Фото: Архива

Премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата Вин-вин на ТВ Телма, во врска со одложувањето на изборите, истакна дека вонредната состојба налага носење брзи и ефикасни законски уредби и се прават анализи кој е најсоодветниот правен лек за одложување на изборите.

– Се прават анализи кој е најсоодветниот правен механизам за да дојдеме до одложување на изборите, бидејќи ние ја имаме политичката волја од лидерите на политичките партии дека треба да се одложат изборите и јас очекувам дека многу скоро, за кратко време ќе се донесе таа одлука и со тоа практично да ги отстраниме и тие бариери што ќе значат не само намалување на трошоците и продолжување со работа на ДИК, туку едноставно да ги намалиме и обврските во тој поглед и да се насочиме исклучиво кон проблемите предизвикани со коронавирусот. Јасно е дека нема да има избори бидејќи тоа е волјата на сите политички субјекти. Меѓутоа, вие мора да најдете правен механизам како тоа да го прекинете. И тука е клучната работа, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот