Спасовски: Ја спречуваме неконтролирана сеча на шумите и нелегалната продажба на дрва за огрев

Ја спречуваме неконтролирана сеча на шумите, нелегалната продажба на дрва за огрев што претставува сериозна закана врз еко-системот и намалување на шумскиот фонд, наведе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил.

Тој посочи дека денеска остварил средба со Аница Симонова, раководител на Сектор шумска полиција, Јулијана Николова, генерален директор на „Македонски шуми“ и Сашо Јовановиќ од секторот за шумарство и ловство при МЗШВ, при што разговарале за моменталната состојба, а ги детектирале и проблемите и недостатоците со кои се соочуваат институциите.

– Дополнително, формиравме координативно тело составено од членови од сите надлежни институции кое во најкус можен рок ќе започне со подготовка на системски мерки, со цел конечно решавање на состојбата со бесправното сечење на шумите, потенцира Спасовски во објавата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот