Спасовски испратил барање до ВМРО-ДПМНЕ за нов канидат за министер за труд

Вечерва Владата има седница, но дневниот ред не е познат.

Владата вечерва во 21 часот ја одржува деветата седница, но во владиното соопштение не се наведени повеќе детали.

Премиерот Оливер Спасовски веќе испратил барање до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална политика по разрешувањето на Рашела Мизрахи.

– Согласно член 44 став три од Закон за Влада потребно е да предложите кандидат за министер, кој ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија, се наведува во барањето на Спасовски до ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието претходно со 62 гласа „за“ ја разреши Рашела Мизрахи од позицијата техничка министерка за труд и социјална политика. Спасовски достави до Собранието предлог за нејзино разрешување, а барањето следуваше откако Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.

Премиерот на седницата за разрешувањето на Мизрахи рече дека несериозно е некој да си поигрува со Уставот – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува.

Мизрахи, пак рече дека нарушените меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распаднат систем, криење проблеми, очајни граѓани, исплашени вработени во МТСП, се проблемите на Министерството за труд и социјална политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот