Спасовски: Интерпелацијата беше можност за да го кажам тоа што сум го сработил

Вчера беше многу релаксирачки ден за мене заради тоа што имав шанса да ги презентирам сите успеси што ги постигнав во изминатиот период како министер за внатрешни работи, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на новинарско прашање како го коментира негласањето на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

– Јас воопшто не го дефинирам дека сум преживеал една интерпелација, туку тоа беше дадена можност за да го кажам тоа што сум го сработил. Е, сега, како да коментирам нешто што го прави опозицијата? Значи, да имате шанса да бидете на интерпелација на министер за внатрешни работи и вие да ја напуштите седницата, да не разговарате за тие прашања, тоа говори само за одговорноста која што ја има опозицијата пред државата и пред граѓаните, нагласи Спасовски.

Тој истакна дека бил подготвен да седнат, да разговараат на ниво на аргументи, не на политиканство.

– Апсолутно сакам да ве уверам дека јас бев подготвен вчера да разговараме толку колку што дозволува Деловникот, значи цел еден работен ден до 00 часот, за жал, немав со кого да разговарам. Разговарав со еден дел од опозицијата од Алијанса за Албанците и од Алтернатива и тоа на крајот од мојот говор го кажав. Благодарам на оние пратеници од опозицијата коишто имаа и доблест и храброст да седнеме да разговараме заради тоа што нема изгубен ден кога разговарате на една интерпелација во Собранието. Секој разговор дава нови идеи, нови можности што е тоа што можеме да подобриме и во тој дел се покажа таа вистинска одговорност. Меѓутоа, како и да е, изборот на политичките партии е тоа како ќе настапуваат во Собранието. Тоа не е мој избор, рече Спасовски.

Уште еднаш повтори дека секогаш е тука, во секое време да разговараме, како што рече, да одговорам на сите прашања, да ги расчистиме сите дилеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот