Спасовски: Имаме уште мерки, ама граѓаните да не постапуваат неодговорно за да видат дали ги има!

Дали со денешното заострување на мерките кои владата ги донесе, а кои се однесуваат на заострениот полициски час за време на викендот и во текот на неделата, значи дека се исцрпени сите механизми кои владата ги има на располагање за кризата со коронавирусот во земјава? Со оглед на тоа што најголемиот број заразени, од 2.000 до 2.500 лица, се очекуваат за крајот на месец април, дали владата има уште мерки што граѓаните треба да ги очекуваат? Ова прашање „Слободен печат“ му го упати на денешната прес конференција на премиерот Оливер Спасовски, кој потврди дека владата има разработено уште сценарија и дека може да се очекуваат уште мерки.

-Да, има разработени сценарија и може да очекуваме уште мерки, ама апелирам граѓаните да не постапуваат неодговорно за да видат дали има уште мерки! Колку поодговорни ќе бидеме во овој процес, толку мерките би биле полесни и толку пократко би траела целата ситуација на ширење на вирусот и толку помали би биле негативните ефекти врз економијата и врз државата. Секако, при носење на секоја од овие мерки во владата, истакнувавме дека зависно од тоа како ќе се однесуваат граѓаните колку ќе ги почитуваат мерките, колку ќе бидеме свесни за сериозноста на состојбата, толку повеќе и мерките ќе бидат зајакнати или ќе се намалуваат од првично донесените. Многу е важно таа одговорност да ја покажеме во момент кога треба да ја покажеме. Тоа значи, ако на некој граѓанин му е определено да биде во самоизолација, тогаш да седи во самоизолација и да знае дека со тоа си помага и на себе, и на семејството и на државата. Ако за некој граѓанин е определено ограничување во движењето, да го почитува тоа ограничување. Тоа е најголемиот патриотизам и најголемото херојство што може да ни се случува во овој период- истакна Спасовски.

Прочитајте и...  Синоличка: Инаетот на мнозинството ќе го сотре и најсовесниот граѓанин

Тој додаде дека е многу важно сите луѓе кои ќе почувствуваат било какви симптоми и кога ќе одат и комуницираат со лекар, да бидат многу искрени.

– Зашто, искреноста е половина од спречувањето на ширењето на вирусот! Ова го кажувам зашто имавме секакви манифестации во овој дел. Луѓе кои не се искрени, не ја почитуваат самоизолацијата, се однесуваат многу ноншалантно, дека јас не сум баш тој што мене ќе ме задеси да бидам носител на вирусот и на тој начин се предизвикуваа состојби кои имаат навистина несогледливи последици. Така да, апелираме дека секој сет на нови мерки што ги носи владата, треба да биде степен на подигање на јавната свест кај луѓето. Секој нов сет на мерки, треба да значи ново отрезнување за тоа што значи сериозноста кон пристапот кон спречувањето на ширењето на коронавирусот и на зголемување на одговорноста. Посакувам да не ги носиме најдрастичните и најтешките одлуки кои ќе имаат сериозно негативни ефекти врз државата и врз граѓаните. Да не бидеме приморани тоа да го правиме! Затоа е важно да останеме дома и заеднички да направиме се да имаме успешност во справувањето со ширењето на вирусот, oдговори Спасовски.

Прочитајте и...  Златните резерви го спасија домашниот пазар во Србија

Прочитај повеќе

Зекири: СДСМ сака брзи избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители

Слободен печат

Синоличка: Инаетот на мнозинството ќе го сотре и најсовесниот граѓанин

Слободен печат

Нови правила и за капење во базени во Грција и за лежење покрај море, ова е задолжително летово

Слободен печат

Министерство за правда: Истрагата за смртта на Џорџ Флојд е „главен приоритет” (ВИДЕО)

МИА Агенција

Јанушев: СДСМ роковите за избори ги вади од ракав

Слободен печат

„Проба за протест“ на партијата на премиерот Курти во Приштина

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Франција наскоро целосно ќе излезе од мерките на изолација

МИА Агенција

Едуар Филип: Одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ по 15 јуни

МИА Агенција

Бебе позитивно на ковид-19 со специјален лет префрлено на клиника во Швајцарија

Слободен печат

СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста

Слободен печат

Агенција за национална безбедност: Немаме опрема за прислушување, УБК замина во историјата

Слободен печат

Трамп на нацијата ѝ се обрати преку Твитер: Постигнат е тажен рекорд од 100.000 починати

Слободен печат