Спасовски: Има индиции за групата која вчера ограби банка во Сарај – Слободен печат
Хроника

Спасовски: Има индиции за групата која вчера ограби банка во Сарај

Посочи дека ова е трет случај од минатата година и нагласи дека кога станува збор за вооружените грабежи, начинот отприлика е ист.

Имаме одредени индиции за групата поврзана со грабежот на банка вчера, која е мешана, не е само со македонски државјани, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот вооружен грабеж на банка.

Посочувајќи дека ова е трет случај од минатата година, тој нагласи дека кога станува збор за вооружените грабежи, начинот отприлика е ист. Спасовски не откри повеќе детали заради, подвлече, истрагата.

Потсети дека  покрај вооружените грабежи, имавме и такви од вработените или лица кои имаат пристап.

– Ги реализиравме до крај, тоа беа грабежот во Тутунска и Шпаркасе банка и така натаму – изјави Спасовски и нагласи дека се работи многу посветено за да се расчистат сите овие случаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close