Спасовски и Жерновски во Женева на состанок на Извршниот комитет на УНХЦР

Делегација од Република Северна Македонија, предводена од заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во чиј состав ќе биде и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, утре во Женева ќе учествуваат на 70-тата Сесија на Извршниот Комитет на Програмата на Високиот Комесар за бегалци на ОН.

Во текот на утрешниот ден, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе има свое обраќање, а акцентот ќе биде ставен на активностите кои од страна на земјата се преземаат во однос на прашањата кои се високо на агендата на Високиот Комесар за бегалци на ОН.

Предвидено е за време на учеството на Конференцијата, Спасовски и Жерновски да остварат билатерална средба со високиот комесар за беглаци на ОН Филипо Гранди.

За време на сесијата, покрај редовните прашања од надлежноста на Комитетот, предвидено е и одржување на Сегмент на високо ниво посветен на лицата без државјанство, кој ќе претставува основа за организирање на  т. н Глобален форум за бегалци  во декември годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот