Спасовски и Филипче во посета на повредениот полицаец: Вакви постапки нема да се толерираат

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со објава на својот Фејсбук профил информира дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче и директорот на БЈБ Сашо Тасевски го посетиле полицаецот кој додека извршувал службени дејствија во близина на фабриката ОХИС бил удрен и повреден.

– Посетивме наш колега во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, кој ноќва, додека извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот на бул.„Борис Трајковски”, во близина на фабриката ОХИС, беше удрен и повреден со возило „цитроен берлинго”, управувано од А.Д.(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото, напиша Спасовски.

Брзи, бесни и казнети – 81 за пречекорена брзина, 23 мотоциклисти

Тој информира дека по насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

– Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните. Нагласувам дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат, а насилниците мора да одговараат, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот