24.8 C
Скопје

Спасовски и директорот на БЈБ им одадоа почит на осумтемина загинати полицајци во „Диво Насеље”

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со директорот на БЈБ, началникот на Одделот за специјални полициски операции и командантите на Единицата за брзо распоредување и Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, им оддале почит на вечни почивалишта на осумтемина припадници на полицијата кои загинаа во „Диво Насеље” пред шест години.

-Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ – имињата на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи, нашите колеги и пријатели, кои што во вооружената пресметка со терористите, ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината – човечкиот живот. Нека им е вечна слава!, напиша Спасовски на Фејсбук.

Изминаа шест години од трагичниот настан „Диво Насеље”, кој ги вознемири граѓаните на нашата држава, а остави неспокој кај моите кумановци, просочува тој, и токму благодарение на прибраноста на моите сограѓани, злата намера на нарачателите на овој конфликт не го доби посакуваниот одговор.

-Хероите живеат вечно – СЛАВА ИМ!, напиша Спасовски на Фејсбук.

Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад…

Posted by Oliver Spasovski on Sunday, May 9, 2021

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар