Спасовски: Граѓаните одговорно прославуваа, новогодишната ноќ помина мирно

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски/Фото: МИА

Ова е една од најмирните новогодишни ноќи, без кривични дела и без нарушување на јавниот ред и мир, граѓаните празнуваа одговорно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оценувајќи ја новогодишната ноќ на безбедносен план. Спасовски денеска беше во посета на полициската станица во Прилеп која е последна од 70-те реновирани.

– Оваа новогодишна ноќ е една од најмирните, без нарушување на јавниот ред и мир, без кривични дела, без поголеми сообраќајни незгоди. Исто помина и на подрачјето на СВР Битола. Во Прилеп исто така помина како една од најмирните прослави на Новата Година, како што е на ниво на државата. Имаме едно нарушување на јавниот ред и мир во Скопје, имама една сообраќајна несреќа, која, за среќа, нема фатален исход, значи немаме сообраќајни нерсреќи со тешки телесни повреди. Им благодарам на сите граѓани кои празнуваа и прославуваа одговорно, така како што го упатувавме повикот, што придонесе сите заедно да направиме новогодишната ноќ да ни помине мирно и безбедно, така како што сите посакуваме, така како што прилега на една демократска земја, изјави Спасовски.

Мирна новогодишна ноќ: Приведени 12 лица, седум сообраќајки, неколку тепачки, кражби и насилство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот