Спасовски: Граѓаните достоинствено го чествуваа Илинден (ВИДЕО)

оливер спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со видепорака го честиташе Илинден и неговото достоинствено чествување, за што им заблагодари на сите граѓани-учесници во празнувањето, како и на припадниците на македонската полиција кои, како што вели, се грижеа сите настани да поминат во најдобар ред.

– Денеска граѓаните на Македонија покажаа дека знаеме да прославуваме, обединето, честито и достоинствено. Денес го исполнивме аманетот на илинденците, аманетот којшто треба да го пренесеме на нашите идни генерации, да ја градиме нашата држава, држава на сите што живеат во Република Северна Македонија. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани коишто придонесоа за честито и достоинствено празнување на овој ден. Посебно сакам да се заблагодарам на припадниците на македонската полиција кои се грижеа да поминат сите настани во најдобар ред. Тие секогаш се на браникот на стабилноста и на безбедноста на граѓаните. Така продолжуваме напред кон просперитетна и европска Република Северна Македонија – рече Спасовски во видеоизјавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот