Спасовски: Градиме инфраструктура за сите и во вонредни околности (ВИДЕО)

Градиме инфраструктура за сите и во вонредни околности со проекти од значење на локално, регионално и национално ниво. И во оваа нова реалност и криза предизвикана од пандемијата не ги запревме капиталните инвестиции. На тој начин ја помагаме економијата во многу важен период,  изјави премиерот Оливер Спасовски, при денешната посета во Крива Паланка.

Спасовски со заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, извршија увид во градежните работи за обнова на градскиот плоштад и парк.

Проектот „Реконструкција на градскиот плоштад и градски парк” во Крива Паланка е со вкупна вредност од 662.000 евра, грант од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија ИПА2 и е кофинансиран од Владата, администриран од Светската банка преку доверителен фонд, и со учество на општината.

-Ова е само дел од поголемиот проект „Крива Паланка источна порта на Европа (Фестивалска туристичка атракција), а крајниот рок на градба е 20 ноември оваа година. Граѓаните на Крива Паланка ќе добијат градски парк и плоштад каков што му доликува на еден европски град кој го носи атрибутот „Источна порта на Европа”. И овој проект на општината, во соработка со Владата и со ЕУ, говори за позитивниот и конструктивен пристап кој во својот центар на внимание ги има граѓаните. На местото на хаосот и непланските изработени проекти, кои не можеа да се реализираат, имаме спротивен пристап, градиме инфраструктура за сите, рече Спасовски.

Преку овој проект, дополни, ЕУ и Владата финансираат одржливи инвестиции во туризмот обезбедувајќи работни места и подобрување на квалитетот на живот, обезбедуваат четиригодишна инвестициска операција за подобрување на конкурентноста и иновациите во туристичкиот сектор во РС Македонија.

-Инвестираме во иднината и самоодржливоста, во зелената инфраструктура и ги менуваме застарените дотраени објекти со нови кои овозможуваат подобри перформанси. Градиме за да ни се развиваат градовите, селата, за да ни се чисти реките што ги напојуваат нивите, за здрава и вкусна храна на домашната трпеза, и за конкурентни производи на европскиот и другите пазари, додаде Спасовски, нагласувајќи дека Владата предводена од СДСМ  и оваа техничка влада во изминатите три години како приоритет ги имаат граѓаните, човечките ресурси и потенцијали на државата.

Претходно, Спасовски, Бајрактар и Шкријељ остварија средба и со градоначалникто на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

-Започнуваме едне крупен проект, над 41 милион денари, со кој комплетно ќе се сменат ликот на градот Крива Паланка. Да се раководи со општина значи не да се гради пат кон сопствениот успех, туку да се вложиш себеси во приоритетите на граѓаните, капитални проекти и дела кои за навек ќе остават трага на локалната заедница. Во изминатите три години како локална самоуправа и Влада покажавме што значи да се стави приоритет во вложување кон подобри услови за граѓаните, со сите проекти кои се реалзиираат. Направивме многу проекти кои не се случиле 30-40 години, а најавувам уште многу проекти кои ќе се случуваат во иднина и од регион и град во кој многу години не беше инвестирано, во моментот се стремиме да бидеме ударна точка на Коридорот 8, изјави Мицевски.

Проектот за локална и регионална конкурентност (LRCP) е четиригодишен инвестициски план за поддршка на локалните заедници и туристички дестинации со цел надградба на нивната туристичка понуда, подобрување на туриситичката инфраструктура, развој на вештини на туристичките работници и создавање работни места во туризмот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот