Спасовски го поддржа Ковачевски за лидер на СДСМ, го придружуваше во Куманово

фото: Фејсбук

Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва ја презентираше својата програма во Куманово. Тој беше придружуван и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и од Андреј Жерновски и поранешниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

фото: Фејсбук

– На средбата каде ја презентирав програмата присуствуваа и наши членови на раководствата од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Арачиново. Пред нив истакнав дека на СДСМ му е потребен јасен и фер внатрепартиски систем каде луѓето се почитувани и наградувани согласно придонесот. СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува, а партијата мора да е препознаена преку чесни, посветени и ангажирани луѓе. Посветеноста и одговорноста на секој кој има партиска функција ќе биде единствено мерило за напредок. Јас сум убеден дека ваквиот пристап ќе придонесе за поголема мотивација и ангажман на целото членство на СДСМ, но и поддршка на сите граѓани, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Во исто време, министерот за внатрешни работи и актуелен потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски објави повик до членството да гласа за Ковачевски за нов партиски лидер, во кој му порача на кандидатот и „да биде најмалку како што бил Зоран Заев во Куманово“.

„Повикувам на 12 декември да го избереме Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ, а на другарот Димитар му порачувам да биде најмалку како што беше Зоран Заев за Куманово!“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот