Спасовски го отвори централниот турнир во мал фудбал во спомен на загинатите бранители

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го отвори централниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001-2015, што се одржа во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје, под покровителство на Министерството за внатрешни работи.

Спасовски, како што соопшти МВР, истакна дека се работи за спортско-меморијална манифестација преку која, како што рече, повторно го оживуваме споменот на нашите колеги и пријатели, што ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината, а тоа е човечкиот живот.

Министерот Спасовски изрази задоволство што овој меморијален фудбалски турнир прерасна во убава традиција која дава можност не само за другарување и натпреварување, туку и да се оддаде должна почит кон оние заради кои што и постои турнирот – хероите бранители.

-Тоа е доблесно, дури би рекол – неопходно, затоа што претставува наша должност и обврска да ги изразиме нашата благодарност кон нашите херои и огромната почит кон семејствата на загинатите бранители, порача Спасовски, прогласувајќи го турнирот за отворен и им посака на учесниците, во духот на спортското натпреваруварување, успех и добри резултати.

На отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал присуствуваше и делегација од Извршното биро на Македонскиот полициски синдикат предводена од генералниот секретар Киро Трајковски заедно со потпретседателите Зоран Кузмановски и Мемедали Муареми. Македонскиот полициски синдикат традиционално е еден од помагателите на турнирот, кој оваа година беше под покровителство на министерот за внатрешни работи Оливер  Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот