Спасовски: Го исполнивме сонот на сите генерации, 27 март се запишува со златни букви во нашата историја

Република Северна Македонија и официјално е новата, 30-та членка на НАТО. 27 март се запишува со златни букви во нашата историја. Ја остваривме првата од двете стратешки цели, објави на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски, по депонирањето на инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

– Денеска во Вашингтон го депониравме инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор во Стејт департментот на Соединетите Американски Држави. Република Северна Македонија и официјално е новата, 30-та членка на НАТО.

27 март се запишува со златни букви во нашата историја. Ја остваривме првата од двете стратешки цели. Го исполнивме сонот на сите генерации кои се вградија во остварувањето на деценискиот стремеж нашата татковина да ја направиме членка на НАТО.

Од денеска сме дел од глобалните процеси, и заедно со нашите партнери во Алијансата стануваме фактор за стабилност и безбедност во регионот, и заеднички со нашите сојузници ќе се справуваме со сите закани за сигурноста, безбедноста и ќе го чуваме мирот во светот.

Да живее Република Северна Македонија – земја-членка на НАТО, објави на својот Фејсбук профил Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот