Спасовски ги повика граѓаните да ја преземат апликацијата „Стоп Корона“

Премиерот Оливер Спасовски преку својот фејсбук профил повика граѓаните да ја преземат апликацијата „Стоп Корона” која евидентира дали биле во непосредна близина со заболен од Ковид-19.

-Преземи ја апликацијата од https://stop.koronavirus.gov.mk/ и активирај Bluetooth. Кога вашиот телефон ќе се најде во непосредна близина со телефонот на лице заболено од КОВИД-19 кое исто така ја активирало апликацијата, оваа информација со ваша дозвола се евидентира во здравствениот систем, пишува Спасовски на фејсбук.

Како што наведува премиерот, „Стоп Корона” е мобилна апликација на Министерството за здравство, која откако граѓаните ќе ја симнат во својот мобилен, евидентира дали биле во непосредна близина на лице заболено од КОВИД-19 во изминатите 14 дена.

-Заштити се себе и твоите најблиски. Помогни – заедно да го стопираме ширењето на коронавирусот. Од нас зависи!, пишува на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот