Спасовски: Ги поништивме одлуките на Мизрахи затоа што се незаконски

Одлуките на Мизрахи, како што оцени Спасовски, не се повикуваат на ниту еден член од Законот, односно не е исполнет ниту еден услов за носење такви одлуки.

Одлуките на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи се поништени зашто не се законски, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Одлуките на Мизрахи, како што оцени Спасовски, не се повикуваат на ниту еден член од Законот, односно не е исполнет ниту еден услов за носење такви одлуки.

-Кога се носат незаконски одлуки, Владата има право да регира и да ги поништи таквите одлуки, без разлика за кој министер или за која одлука станува збор, истакна премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.

Владата на вчерашната седница во Штип донесе одлука за поништување на одлуките Мизрахи за разрешување вршители на должност и именување в.д. директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш со образложение дека се спротивни на законот.

-Одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д. директорите на центрите за социјална работа е донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за Влада: „Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа”.  Со оглед дека целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки, односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката за труд и социјална политика, стои во владиното соопштение од седницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот