Спасовски-Галовеј: Ќе понудиме силни аргументи за позитивна одлука за старт на преговорите со ЕУ

Спасовски, во свое име и во име на Владата, се заблагодарил за континуираната поддршка од Обединетото Кралство во спроведувањето на реформите и за аспирациите на нашата земја за членство НАТО и ЕУ.

Паралелно со организирање на изборите, ќе понудиме силни аргументи за позитивна одлука на Европската Унија за старт на преговорите во претстојниот период, истакна премиерот Оливер Спасовски на денешната средба со британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Спасовски, во свое име и во име на Владата, се заблагодарил за континуираната поддршка од Обединетото Кралство во спроведувањето на реформите и за аспирациите на нашата земја за членство НАТО и ЕУ, и изразил увереност дека двете земји ќе ја продолжат плодната соработка како партнери и сојузници.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот потенцирал дека нашата земја го очекува полноправното членство во НАТО пред изборите во април и дека во меѓувреме се исполнуваат сите обврски и одговорностите за нашата партиципација во Алијансата, вклучувајќи ја и модернизацијата на Армијата и нејзиното финансирање согласно стандардите на Пактот.

Премиерот нагласил дека паралелно со активности за организирање на предвремените избори во април, Владата останува посветена на стабилизирање на демократијата, на спроведување на реформските процеси, на одржувањето на политички дијалог, стабилни меѓуетнички односи, и функционални институции, како аргументи за позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите во претстојниот период.

Во однос на организацијата на изборниот процес, премиерот Спасовски истакнал дека Владата редовно соработува со надлежните институции за спроведување на изборите, во прв план ДИК и ДКСК, како и со сите меѓународни организации, кои како набљудувачи ќе ги следат изборите и изборната кампања, со нагласена намера да го задржи признанието и највисоките оценки за успешно спроведените изборни процеси за време последните локални и претседателски избори.

Амбасадорката Галовеј изразила уверување дека нејзината земја останува посветен партнер и сојузник на нашата земја, и дека се охрабрувачки најавите дека Европската Комисија бргу ќе ја донесе новата методологија за проширување и дека се надева дека Северна Македонија потоа ќе го започне процесот на преговори по поглавја како нова, значајна фаза во обезбедувањето членство во ЕУ.

Двајцата соговорници, како што е наведено во соопштението, заеднички потенцирале дека доведувањето во прашање на досега постигнатите реформи и договори, особено договорите со Бугарија и Грција, можат да донесат сериозни последици за земјата и за нејзините стратешки интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот