Спасовски: Електро-преносниот систем е крвотокот на електроенергетскиот систем (ВИДЕО)

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Тековните инвестиции во преносната мрежа вклучително изградба на нови и модернизации на трафостаници и далноводи изнесуваат 50 милиони евра.

Електро-преносниот систем е крвотокот на електроенергетскиот систем. Заради тоа електроенергетскиот систем, неговото модернизирање и зголемувањето на преносните капацитети се секогаш приоритет на Владата, напиша техничкиот премиер Оливер Спасовски на Фејсбук.

Тековните инвестиции во преносната мрежа вклучително изградба на нови и модернизации на трафостаници и далноводи изнесуваат 50 милиони евра.

-Редовно и навремено снабдување со квалитетна електрична енергија е основен предуслов за сите сегашни и идни инвеститори да вложат во земјата, да отворат нови работни места, да го зголемиме бруто домашниот производ, и да создадеме поквалитетна сегашност и просперитетна иднина- напиша премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот