Спасовски: Домашна платежна картичка ќе добијат и пензионерите, стечајците, самохраните родители и невработените

„Најавувам нова 4-та одлука на Владата, за секој пензионер со пензија до 15.000 денари домашна платежна картичка од 9.000 денари, за секој стечаен работник, 12.000 во државата, домашна платежна картичка за купување домашни производи. За секој невработен кој не е активен барател на работа – домашна платежна картичка и за секој самохран родител – домашна платежна картичка“, изјави носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечерашната граѓанска трибина во Чаир.

„Продолжуваме со конкретни проекти, не со лаги и манипулации што ги нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Се што говорат, ве повикувам да не ги сфаќате сериозно, затоа што не знаат ни што имаат напишано, ни како тоа да се реализира. Ова е сигурноста, знаеме како, покажавме дека можеме, затоа сите заедно на 15 јули бројот 3 – да покажеме дека можеме и повеќе и подобро“, повика Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот