Спасовски: Договорот од Преспа и договорот за добрососедство со Бугарија ни донесоа отворање на преговорите за влез во ЕУ

Во исклучително тежок момент од Брисел ни пристигна убава вест Р.С. Македонија ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ. Ова е верификација за нашите заложби, рече денеска на прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Ова е потврда за затворањето на реформскиот процес, за судството, јавна администрација и борбата против криминалот и корупцијата. Од денес тоа го верификуваа и државите членки на ЕУ. Решивме долгогодишни спорови. Без договорот од Преспа и без договорот за добрососедство со Бугарија, ова немаше да се случи. Патот ни е отворен и одиме само напред. Нашата перспектива е во ЕУ, станува држава која во наредниот период ќе мора да минува низ трансформација каква што поминаа сите други држави. Да се радуваме на овој успех сите, но да се вратиме во ралноста и да извојуваме победа во борбата против короната, рече Спасовски.

Вицепремиерот Бујар Османи нагласи дека ова не е подарок, туку потврда за трудот и заложбите на државата.

– Од денес влегуваме со последната фаза од долгоочекуваниот сон, за влез во ЕУ, ова не е подарок туку признание за суштинскиот напредок на земјата. Токму затоа одлуката на 27 земји членки е донесена без дополнителни услови, рече Османи.

И покрај вонредните околните со коронавирусот цениме што еу даде време и ни даде потврда. го помина прагот и одиме на следна фаза. ќе имаме почетна од точка од кога ќе го мериме времето. од нас зависи конечно и безусловно започнуваме прегови за членство. првата меѓу владина конференција ќе биде свикана наскоро.

Честито татковино, честито народе, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Од срце ви честитам за успехот. Ние и вие ја одработивме и заслуживме шансата, работевме со опструкции одвнатре и однадвор, но НАТО и ЕУ се ралност и Ви се заблагодаруваме Вам, на граѓаните, отворивме нова перспектива за идните поколенија. Сега од нас ќе зависи колку брзо ќе го минеме патот до полноправно членство во ЕУ, рече Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот