Спасовски: Длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари за големата трагедија

Фото: Фејсбук

Ќе направиме сѐ што е потребно да обезбедиме првична помош за семејството уште денес, пишува Спасовски на Фејсбук.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, на својот Фејсбук профил го изрази своето сочувство до сите погодени со трагедијата која се случи денеска во Шуто Оризари, кога откако избувна пожар во куќа загинаа две деца.

Тој напиша дека бил на местото на настанот, од каде и сподели фотографии на социјалните мрежи.

„Заедно со претставници на институциите, бевме во посета на местото каде што се случи пожар во семејна куќа во Шуто Оризари, во која загинаа две малолетни деца.

Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи.

Ќе направиме сѐ што е потребно да обезбедиме првична помош за семејството уште денес, сместување и финансиски средства, а дополнително ќе разговараме за подобрување на инфраструктурата, за во иднина да не ни се случуваат вакви немили настани“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот