Спасовски: ДИК, ОБСЕ/ОДИХР и Комисијата за заразни болести очекуваат датум за избори

Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како и на кој начин може да се одржуваат изборите, пишува Спасовски.

Ги добивме одговорите од сите три институции, од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР, кои не информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на тоа да започнат подготовки, објави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како и на кој начин може да се одржуваат изборите, какви би биле тенденциите во однос на развојот на болеста. Државната изборна комисија информираше за роковите коишто се потребни за спроведување на изборните дејствија“, информира Спасовски.

„Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нè информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите“, објави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот