Спасовски: ДИК е должна да излезе на пресконференција и да ги соопшти конечните резултати
Северна Македонија продолжува по правиот пат по сигурна иднина. Честитки до сите граѓани кои во услови на пандемија излегоа на избори и го остварија своето граѓанско загарантирано право. Благодарност и до сите кои ги следеа изборите, а посебна благодарност до Комисијата за заразни болести за донесените протоколи за успешни избори, соопшти претседателот на Владата Оливер Спасовски на денешната пресконференција.
– Победник на вчерашните избори е секој гласач, а пред и над се победник е Република Северна Македонија. Нашата земја покажа дека заслужено е членка за НАТО и покажавме дека сме подготвени за влез во ЕУ. Организиравме здравствено безбедни, мирни, фер, демократски избори како што доликува на земја кандидат за влез во ЕУ. Преку овие избори покажавме како се сака својата земја, како се чуваат постигнувањата и како се остваруваат нови аргументи за евроатлантските аспирации на земјата. Кога има демократска организација има и чисти демократски резултати, одраз на граѓанската волја. На почетокот на изборите реков дека очекувам максимално фер и демократски услови во состојба на невидена пандемија. Денеска тоа е реалност и заеднички успех на сите нас – истакна Спасовски.
– Пред нас следува период наформирање на функционални институции кои ќе продолжат да се залагаат за доброто на грсаѓаните. Очекувам ДИК дададе придонес во процесот на формирање на функционално Собрание. ДИК е должна да излезе на прес и да ги соопшти конечните резултати. – додаде Спасовски.