Спасовски: Да избереме сигурност, јасна визија и перспектива наспроти опасноста и враќањето назад (ВИДЕО)

Претседателот на Владата и носител на листа на коалицијата „Можеме” во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска гласаше на избирачкото место во О.У. „Христијан Тодоровски Карпош” во Куманово.

По гласањето тој истакна дека денеска е исклучително важен ден за земјата и дека како Влада покажале дека може да се организираат фер, демократски, слободни избори и во  услови на сериозна здравствена криза, на пандемија 

зборите се безбедни за здравјето и животот на граѓаните. Тој рече дека треба да се одаде признание на Комисијата за заразни болести и на Државната изборна комисија, затоа што воспоставиле протоколи со кои се гарантира безбедно гласање од аспект на здравјето на граѓаните кои во вакви услови слободно можат да излезат, да ја изразат својата волја и како што потенцира, врз основа на одлуката да се види каде ќе се движи државата наредниот период, рече Спасовски.

Спасовски рече дека ова е сериозен предизивик, бидејќи и времињата се сериозни и одговорноста на секој граѓанин во Северна Македонија е голема, додава, со цел да се воспостават, институции кои што се ефикасни, институции кои што се со полн легитимитет и кои што ќе можат да носат одлуки во наредниот период за како што истакна, зачувувањето на здравјето, да носат одлуки кои што ќе значат подобрувањето на економската состојба во државата, односно економската криза.

 Јас очекувам денеска граѓаните да излезат масовно на изборите, да го потврдат патот по кој што сите ние се движевме, да избереме сигурност, јасна визија и перспектива наспроти опасноста и враќањето назад, изјави Спасовски по гласањето во Куманово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот