Спасовски: Црногорската заедница е особено ценета и ја има целосната поддршка од Владата

На средбата, покрај останатите претставници на црногорската заедница, присуствуваше и амбасадорката на Република Црна Гора во нашата земја, Марија Петровиќ.

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ се сретна со претставниците на црногорската заедница во земјава. Спасовски беше пречекан од претседателот на Заедницата, Борис Попивода, соопшти владината прес-служба.

На средбата, покрај останатите претставници на црногорската заедница, присуствуваше и амбасадорката на Република Црна Гора во нашата земја, Марија Петровиќ.

-Денеска сме тука да покажеме дека секоја заедница во нашата држава е од особена и подеднаква важност. Не постојат големи и мали заедници, како што не постојат големи и мали градови. Секој е важен. Црногорската заедница во Северна Македонија е особено ценета и ја има целосната поддршка од Владата. Ние сме пријателски народи и нашите држави немаат отворени прашања, рече премиерот Спасовски.

Тој истакна дека оваа посета и средба е дел од концептот на Владата, со кој се покажува дека сите заедници се важни во градењето на општество со еднакви права за сите граѓани и се покажува дека европски вредности за почитување, солидарност и неправењето разлика меѓу луѓето од различни етнички заедници се имплементираат и е остварен концепт за живеење на сите граѓани.

На средбата од претседателот на Црногорската заедница, Попивода и присутните членови беше поздравен придонесот на Владата кон создавање на услови за учество на Заедницата во граѓанскиот концепт на државата и исполнување на нивните цели за напредок, како и негувањето на црногорските културни и духовни вредности, негувањето и развојот на црногорскиот јазик, книжевноста и фолклорните традиции.

На средбата, соговорниците искажаа очекувања за целосна интеграција на двете држави во Европската Унија, преку блиска и доследна соработка со меѓународните партнери и беше истакната поддршката за членството на Северна Македонија во НАТО и потенцирана обединетоста на двете држави, Северна Македонија и Црна Гора во напорите за создавање стабилен регион и остварување на заеднички перспективи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот