Спасовски, Царовска и Димковски во тиквешкиот регион на закројување на лозите

По традиционалната церемонија на закројување, планирана е заедничка прошетка и посета на изложбените штандови во центарот на Кавадарци.

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска ќе го посетат тиквешкиот регион.

Спасовски и Димковски ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово”. Премиерот и владина делегација ќе присуствуваат и на приемот, кој по повод празникот на лозарите и виното го организира градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, како и на симболичното закројување на винови насади кое по овој повод ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци.

По традиционалната церемонија на закројување, планирана е заедничка прошетка и посета на изложбените штандови во центарот на Кавадарци.

Заменичката на претседателот на Владата, Царовска ќе даде изјава за медиумите во винарската визба „Попова Кула” во Демир Капија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот