Спасовски: Чулев да внимава на личните интереси за да не предизвика хаос и нестабилност во државата

Техничкиот премиер вели дека посебно треба да се внимава во министерството за внатрешни работи, бидејќи е важно да се нема никакви закани по безбедноста за да не се дојде до нестабилност.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во Владата на прашањето околу проблемите кои се појавуваат поврзани со новиот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој побара да се вратат неколку возила кои ги користеле премиерот и претседателот Стево Пендаровски, одговори дека верува дека тој проблем ќе биде решен денеска.

– Сите политички субјекти во Владата треба да имаат политички „сенс“, политичка одговорност и да не излегуваат од рамките на тоа што им е дадено како можност во однос на Законот за Влада, рече Спасовски.

Тој вели дека посебно треба да се внимава во министерството за внатрешни работи, бидејќи е важно да се нема никакви сериозни закани по безбедноста за да не дојде до нестабилност и незивесност кај граѓаните.

– Тоа што ќе создаде хаос, покажува само лични и политички интереси кои треба да бидат покажани низ ваквите постапки. Недоволното познавање и упатување на што се се потпишува и носи како одлука, носи до една ваква ситуација – рече премиерот.

Тој додаде дека неговото обезбедување не е истото како тоа додека бил во МВР, но е зголемено со луѓе кои тој ги познавал од претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот