Спасовски: Безбедносната состојба во Прилеп е добра, набрзо со детали за поставените рачни бомби

Многу брзо може да излеземе со детали, зашто се преземаат низа активности за кои се надевам дека ќе ги дадат очекуваните резултати, како и поврзаноста на овие случувања со некакви претходни случувања со одредени групации, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето за  двете фрлени рачни бомби во Прилеп за период од десетина дена.

Спасовски денеска ја посети прилепската полициска станица и присуствуваше на конститутивната седница на Советот за превенција во Прилеп.

 -Врз основа на средбата што ја имавме во полициската станица во Прилеп и по изнесените податоци може да констатираме дека безбедносната ситуација во Прилеп е мирна и стабилна и нема елементи на нарушувањер на безбедносната состојба во градот и граѓаните треба да бидат спокојни. Секако дека перцепцијата не е добра кога ни се случуваат вакви настани. Се работи на нивно расчистување, рече министерот.

Додаде дека мошне брзо ќе излезат со детали за случаите, напоменувајќи дека интензивно се работи на нивно расчистување.

-Како тим на полициската станица, јавното обвинителство, работиме заедно, преземаме мерки. овие настани треба да се расчистат. Ќе се расчистат до крај. Меѓутоа, таква борба против криминалот, корупцијата, мора интензивно да продолжи во иднина и да биде неселективно за што се договоривме и при денешната средба со полициската станица и со прилепската локална самоуправа, изјави Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот