Спасовски: Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип, стабилна без индиции за нејзино нарушување

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип е мирна, стабилна, без никакви индиции за нејзино нарушување, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната работна посета на СВР Штип

Тој меѓу другото истакна дека има многу подобрување во делот на криминалитетот, како и значително подобрени резултати во делот на борбата против недозволена трговија со дрога и сериозно подобрување во делот на јавниот ред и мир

Спасовски најави дека ќе се продолжи со јакнење на капацитетите, како со човечки така и со материјално – технички услови за работа на македонските полициски службеници.  

Секој има право на свој став, на сопствено мислење, за тоа ќе судат граѓаните кој и на каков начин размислува, така што сметам дека како јас што искажувам свој став по многу прашања, секој има право тоа да го прави, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска по барање на новинарите да ја коментира изјавата на неговиот сопартиец Максим Димитриевски за поранешниот премиер Владо Бучковски.   

– Тоа се партиски активности, јас овде сум како министер и не би сакал да коментирам ничии изјави. Во овој момент не би сакал партиски да злоупотребуваме медиуми и посетата за да разговараме за овие теми, изјави Спасовски по денешната работна посета на СВР Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот