Спасовски: Автобусот е стар 14 години, за две години над 130 пати минувал граници

Оливер Спасовски
Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски / Фото: Влада на РСМ/принтскрин

За да нема шпекулации, потврдувам дека автобусот на „Беса транс“ кој се запали во Бугарија, е марка „мерцедес“, произведен во 2007 година. Границата ја минал повеќе од 130 пати во текот на годинава и минатата година, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој рече дека одговорност ќе има и нагласи дека во Јавното обвинителство е заведен посебен предмет со сите докази за несреќата и за незаконското постапување на „Беса транс” и дека ако се утврдат неправилности, ќе се преземат и кривични постапки против сопствениците, како и против правното лице.

Спасовски информира дека на 23 ноември тим на МВР бил на местото на несреќата во Бугарија и тоа што било дознато е дека автобусот кај местото Кула на автопатот „Струма“ удрил во банкината, возачот загубил контрола, потоа удрил и во левата ограда на автопатот. Имало 52 патници, а од пожарот во автобусот загинаа 45 лица, 7 повредени се спасиле од автобусот.

„Увидот го вршел надлежен обвинител и лиценцирани вештаци од Бугарија. Од обвинителот тимот бил запознат со сите тогаш познати детали. Тимот на МВР во болницата ‘Пирогов’ водеше разговор со повредените, како и детално со едно од повредените лица, кој успеал да овозможи спас за седум лица,“, рече Спасовски.

Потоа министерот нагласи кои се надлежностите на МВР:

„Наша надлежност е да се врши контрола на патни исправи или лични карти, а за возилата сообраќајна дозвола и зелен картон. МВР не е надлежно за проверка на лиценци, туку тоа се Царнска управа и Државниот инспекторат. Автобусот во 22 случаи излегол преку границата, а минатата година 113 пати. Очигледно се користени лиценци од други возила. Автобусот е регистриран е пред три години, а последен технички преглед е направен минатиот месец. Наодот на техничкиот преглед е дека нема неисправност и нема забелешки. Автобуост е произведен во 2007 година“, рече Спасовски.

Против „Беса транс“ има вкупно осум кривични за непочитување на ковид протоколи, рече тој.

Спасовски информира дека е обезбеден биолошки материјал за 44 патници и е предаден на Јавното обвинителство кое ќе го предаде на бугарското Обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот