Спасовски апелира да се пласираат вистински информации за коронавирусот

Според него институциите на системот функционираат во полн капацитет.

Премиерот Оливер Спасовски од Попова Шапка денеска апелираше да се пласираат вистински информации околу состојбата, превенцијата или евентуалното справување со корона вирусот.

– Многу важно е да има вистински информации, да се пласираат, апелирам во однос на овие случаи на евентуална појава на корона вирус да се земаат информации од официјални институции, Министертвото за здравство и крзниот штаб. Тие имаат задача да ја информираат јавноста целодневно неколку пати. Одговорност треба да покажат сите. Тоа е нешто сите не засега и не загрижува, истакна Спасовски.

Според него институциите на системот функционираат во полн капацитет.

– Кризниот штаб што го раководи министерот за здравство ги има направено сите мерки за подготовка за евентуално откривање некаков случај. Посакуваме да не се случи. Превентивни мерки се преземени, рече претседателот на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот