Спасовски: Ако можевме да влеземе во НАТО, можеме и во ЕУ

Ја изведовме државата на патот што значи иднина сигурност и просперитет. Го срушивме режимот. Покажавме што значи визија и храброст, мудри и храбри одлуки. Воспоставивме едно општество за сите во кое што секој е важен. Тоа е ИЕ 2, Македонија во мало, покажуваме како треба за заеднички да живееме, тоа е концептот на сигурност, истакна вечерва Оливер Спасовски, носител на листата за кандидати за пратеници во Изборната единица 2.
Во оваа изборна единица, како што рече тој, граѓаните праќаат порака како треба заедно да се живее и работи.
-Овде кога говориме за „наш” човек, говориме за човек кој се грижи за сите. „Наш” е секој кој ги разбира маките и сака да најде решение, што може да разговара и во Старо Нагоричане и во Куманово и во Арачиново и во Липково и во Шуто Оризари, Чучер Сандево, Ѓорче Петров, додаде Спасовски.
На другата страна е истата ВМРО-ДПМНЕ, посочи тој, што ја држеше земјата во режим, а тоа што го нудат денес опасност за враќање на режимот.
-Сакаат да не вратат во мрачни времиња, сценарија и поделби. Немаат став. Креираа лажни вести. Правеа пропаганда. Наштетуваа на државата. Знаеме зошто го прават – има одговор, дали може да речат „ние нудиме да го вратиме режимот?”, рече Спасовски.
Тој потсети дека Владата предводена од СДСМ донела вистински чекори и оти сега сме 30-та членка на Алијансата и оти ја очекуваме првата меѓувладина седница за почеток на преговорите со ЕУ.
-Овој пат тоа што го нудиме е сигурност, јасна визија што треба да направиме во следниот период. Ако можевме да влеземе во НАТО, можеме и во ЕУ, ако додека се справувавме со овие важни прашања, ги стабилизиравме институциите, можеме уште повеќе и уште подобро, додаде Спасовски.
Носителот на листа во ИЕ2, Спасовски посочи на вложувањата во здравството и во економијата изминатите три години, што помогна за успешно справување со здравствено-економската криза, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се рушеа институциите. Како едно од поголемите вложувања во општината ја посочи изградбата на најголемата зграда за 300 социјални станови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот