Спасов: Ахмети прави етничка мобилизација на Албанците ставајќи се во својство на воен командант, на кого Груевски му даде амнестија

Универзитетскиот професор и поранешен дипломат, Ѓорѓи Спасов со објава на својот Фејсбук профил реагира на денешната покана од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зедничка средба со челниците на партиите од албанскиот политички блок на 13 август, каде вели дека Ахмети пак манипулира.

– Али Ахмети со повик до лидерите на партиите на етничките Албанци во Македонија на заеднички состанок на денот на потпишувањето на Рамковниот договор, прави перфиден обид тој ден да го промовира во Ден на победата на Албанците врз Македонците. Тој продолжува со политиката за етничка мобилизација на Албанците ставајќи се на чело на тоа етничко обединување во својство на воен командант на кого Груевски и ДПМНЕ му дадоа амнестија за хашките случаи за какви денес им се суди во Хаг на Хашим Тачи и други команданти на УЧК, напиша Спасов.

Соочен со губењето на монополската позиција во претставување на политичката волја на Албанците, посочува тој, сега Ахмети се обидува со валкана игра одново да си ја поврати својата изгубена политичка моќ и позиција.

– Ако лидерите на другите партии на Албанците се толку наивни да наседнат на овие негови трикови, нека им е на здравје.Чудно како Али Ахмети не се сетил на таа средба да го покани и лидерот на СДСМ, партија во која членуваат и за која гласаат многу Албанци. Но, за него тие Албанци не се вистински Албанци или не се веројатно доволно големи Албанци како оние што гласаат и што ги полнат избирачките кутии за ДУИ. Но, така се однесуваше и Никола Груевски и видовме како заврши во политиката, напиша Спасов на својот Фејсбук профил

Прочитајте и...  Пахор: Скопје и Софија да најдат компромисно решение

Прочитај повеќе

Бројот на заразени со коронавирус во Франција надмина 500.000

Слободен печат

Дождот ја преполни канализацијата во Мексико: Сите се изненадија што пронајдоа во неа (ВИДЕО)

Слободен печат

Стопанските комори се задоволни од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните

Воен авион се урна во Украина, најмалку 20 лица загинаа (ВИДЕО)

Слободен печат

Српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ почина на 74-годишна возраст

Слободен печат

Кривокапиќ: Политичката судбина на Ѓукановиќ и Марковиќ ќе биде онаква како што заслужуваат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силно невреме во Црна Гора: Обилните врнежи предизвикаа поплави во Котор и Тиват (ВИДЕО)

Слободен печат

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Валентина Т

Сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје вечерва блокиран заради поскапувањето на струјата

Слободен печат

Навални им се заблагодари на руските доктори и пилоти: Ви благодарам, вие сте добри луѓе (ФОТО)

Слободен печат

Лајчак: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е одложен поради пандемијата

Слободен печат

Пожарот во Хуавеј го доби својот епилог: Пронајдени телата на три лица, пожарот „волшебно“ избил во истражувачкиот дел

Слободен печат