Спасете си ја кожата од студот: Три брзи маски за меки раце

маска за раце
Panthermedia / Profimedia

Често забораваме дека кога температурите се симнуваат под нулата, дека нашата кожа е најосетлива на студот, и за тоа и е потребна соодветна нега. Докажано е дека нашите раце први „страдаат“ на удар на ладното време, а потоа и кожата на лицето.

Ако сакате баш денес да си направите нешто корисно за вас и вашата кожа, ви предложуваме три брзи маски за рацете да ви бидат меки.

Маска за хидратација

Во зима најдобри маски се оние кои ја потхрануваат кожата, а не ја прават масна. Оваа маска е од само две состојки: мед и алое. Алое гелот измешајте го со медот и масирајте ја смесата на рацете, а потоа ставете пластични ракавици или обични ќеси. Почекајте 20 минути и потоа исплакнете ги рацете.

Маска за регенерација

Ако вашата кожа на рацете е склона кон брзо сушење и испукување, оваа маска е полн погодок. Во аптека купете си витамин А и промешајте го една лажица изгмечена банана. Нанесете на рацете и оставете така половина час. Витаминот А и бананата во комбинација најдобро помагаат за апсорпција во кожата и брзо обновување. Ова можете да го правите и на суви делови од лицето, колената и лактите.

Маска против стареење на кожата

Познато е дека рацете најдобро покажуваат возраст, но процесот на стареење не можеме да го стопираме. Единствено можеме да го ублажиме, а наједноставно се постигнува со една необична комбинација за маска: промешајте мелено кафе со мелени ореви и вазелин, да стане како пилинг. Нанесета на рацете од оваа смеса и по 20 минути измијте ги со топла вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот