„Спасете ги децата”: Досега во Авганистан се убиени или осакатени 26.000 деца

Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB
Пет деца секојдневно се убивани или осакатени во Авганистан кој е зафатен со војна во последните 14 години, соопшти организацијата „Спасете ги децата”. Според податоци на Обединетите нации (ОН), најмалку 26.025 деца биле убиени или осакатени меѓу 2005 и 2019 година, наведува хуманитарната организација со седиште во Лондон.
 

Организацијата ги повика земјите донатори да ја заштитат иднината на авганистанските деца пред клучниот состанок во Женева, јави „Би-Би-Си“. Авганистан е меѓу единаесетте најопасни земји во светот за децата, тврди „Спасете ги децата”. Минатата година беа убиени 874 авганистански деца, а 2.275 осакатени.

Повеќе од две третини од убиените и ранетите во минатата година беа момчиња, како резултат на судирите меѓу владините и антивладините сили или импровизирани експлозивни направи во самоубиствени и несамоубиствени напади.

Извештајот посочува дека училиштата често биле напаѓани во судирите меѓу авганистанската влада, поддржана од американски трупи, против талибанците и другите бунтовници.

„Спасете ги децата” наведува дека помеѓу 2017 и 2019 година имало повеќе од 300 напади врз училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот