Спасени над 90 мигранти од мал остров во реката Еврос на границата меѓу Грција и Турција

Грчко полициско возило / Фото: МИА

Од мал остров во реката Еврос на грчко –турската граница вчера била спасена група од 91 мигрант, а меѓу нив и над 30 деца, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката полиција мигрантите на грчка територија пристигнале со помош на криумчар, кој со чамец ги превезол од спротивниот брег и ги оставил на островот, а станува збор за 32 мажи, 25 жени и 34 деца.

Мигрантите се во добра здравствена состојба, а грчките власти им обезбедиле облека, храна и прва помош.

Од кабинетот на грчкиот премиер Јоанис Сармас соопштија дека надлежните власти, „со почитување на националното, ЕУ и меѓународното право, ги преземаат неопходните активности за да се спречи секое нелегално влегување на странски државјани во земјата“.

-Во последните денови нискиот водостој на реката Еврос го фаворизира илегалниот премин на мигрантите, кои ги користат малите острови што паѓаат и на грчка и на турска територија, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер.

Додадоа дека грчката Влада апелирала до новата турската Влада „да ги координира граничните власти и да спречи илегални преминувања“.

Ова е втор случај за краток временски период, група мигранти да се обидат преку реката Еврос од Турција да влезат во Грција, со оглед на тоа што во четвртокот беа спасени 134 мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот