Спасени 600 риболовци кои пловеле на огромна санта мраз (ВИДЕО)

ФОТО: Принтскрин/Instagram

Властите подолг период предупредуваат да не се оди на мраз, бидејќи метеоролошките услови не го дозволуваат тоа.

Руската служба за реагирање во случај на опасност спасила 536 риболовци кои биле заробени на голема санта мраз, која се одвоила кај островот Сахалин, на истокот на Сибир. Операцијата траела речиси седум часа.

Повеќе од 60 луѓе сами успеале да испливаат до крајбрежјето во вторникот вечерта.

На видео снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како група луѓе користат помали парчиња мраз како сплавови и се обидуваат да дојдат до крајбрежјето, додека голема санта мраз полека се одвојува од копното.

 

Во моментот кога биле спасени, растојанието меѓу нив и брегот достигнал 200 метри.

Ова е трет пат итните служби во регионот Сахалин да мораат да спасуваат риболовци кои пловат на одвоени парчиња мраз. на 22 јануари на една санта останале заробени околу 300 луѓе, а во неделата уште 600.

Властите подолг период предупредуваат да не се оди на мраз, бидејќи метеоролошките услови не го дозволуваат тоа.

 

 

View this post on Instagram

 

?По информации пресс-службы Главного управления МЧС России по Сахалинской области, спасательная операция по эвакуации рыбаков-любителей на берег продолжается до сих пор. ? По состоянию на 20.40 часов (сах) 28 января 2020 года, спасателями эвакуировано со льда 259 человек, за трещиной остались люди, которые собираются группами для переправы на берег. Остальные рыбаки выходят со льда самостоятельно. . ❗ В спасательной операции задействованы 15 человек, 3 лодки и 1 судно на воздушной подушке “Хивус-10”. . ❗ Напомним, сегодня в 16.40 (сах) оперативному дежурному Центра управления в кризисных ситуациях ГУ МЧС России по Сахалинской области поступила информация, что в заливе Мордвинова в 2 км от берега образовалась трещина. В результате отрезанными от берега оказались около шестисот рыбаков. . ⚠️ Вопреки здравому смыслу и предупреждениям спасателей, которые были доведены через SMS-сообщения и средства массовой информации, что выход на лед крайне опасен, несколько сотен человек решили испытать судьбу и вышли на ненадежный лёд. ? Единый телефон вызова экстренных служб: 112. ?

A post shared by ?????????? ?? ???????????? (@agent_ribalka65) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот