Спасени 50 мигранти во водите на Либија

Мигранти, Либија / Фото: Архива

Хуманитарните организации „СОС Медитеран” и „Лекари без граници” спасија 50 мигранти заробени на гумен чамец во либиските води, по што ги засолнија на својот брод „Оушн викинг”.

На околу 25 километри од брегот на Либија спасени се една бремена жена, 12 малолетници и 37 мажи – сите од подсахарска Африка.

Либиската служба за спасување не реагирала на повеќе обиди за воспоставување контакт со бродот „Оушн Викинг”, додека властите во Рим и Малта го упатија хуманитарниот брод на своите либиски колеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот