Спасен е паркот до ОУ „Димитар Миладинов” (ФОТО)

На денешната прес конференција градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, соопшти дека со последната одлука за ДУП „Даре Џамбаз” од страна на советниците на општина Центар, ќе се спаси зелената површина, односно парк позади ОУ „Димитар Миладинов”.

Во претходните планови на претходната власт на овој простор било одлучено да се гради катна гаража, но градоначалникот Саша Богдановиќ изјави дека ова место за рекреација на граѓаните од околните згради ќе биде спасено.

– Со оваа покажуваме дека продолжуваме со акцијата на ревидирање на Деталните урбанистички планови и дека таканаречениот мораториум дава резултати. Доколку не се променеше тука после некое време ќе никнеше катна гаража и на граѓаните кои живеат тука ќе им се издигнеше уште едно бетонско здание – соопшти градоначалникот Богдановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот