Спас за уморната кожа на лицето: Комбинацијата од овие 2 состојки го враќа сјајот и еластичноста

Profimedia

Зошто да трошите премногу пари на козметички производи, кога можете да направите своја домашна маска за лице…

Пронајдовме домашен рецепт за кој ќе ви бидат потребни само две состојки, а ќе ја препороди вашата кожа. Оваа маска помага во лекувањето на акни, црвенило, лузни, но го отстранува и вишокот себум.

За подоготовка ќе ви бидат потребни лажичка сода бикарбона и кокосово масло. Состојките помешајте ги и маската е подготвена.

Сода бикарбоната е многу ефикасна во лекувањето на акните. Кога pH вредноста во телото е неизбалансирана, тоа довеува до воспаленија на кожата, а сода бикарбоната може повторно да воспостави вистински баланс.

Кокосовото масло има антибактериско и хидратантно својство. Тоа хидрира, храни и ја смирува кожата.

Маската нанесете ја на лицето, избегнувајќи го делот околу очите и усните и оставете ја да делува 15 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода и нанесете хидратантна крема.

Маската можете да ја применувате 2 пати неделно, а резултатите ќе бидат видливи по 4-5 нанесувања. Уживајте во грижата за себе си!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот