„Спас за Маврово“: Преземете нешто оти се уништува природната убавина на Маврово

леуново вили
Во Леуново забрзано се градат и бетонираат објектите за кои уште пред два месеца Општина Маврово Ростуше донесе решение дека треба да бидат урнати, Фото: Владимир Лазаревски

Денеска повторно се одржа протест на мавровчани за заштита на животната средина во која живеат. Жителите велат дека состојбата во регионот е алармантна. Според нив, доколку ништо итно не се преземе еден од најубавите предели во земјава ќе го загуби и она малку што останало од природните убавини.

Мавровчани повторно побараа мораториум на градбата и донесување Детален урбанистички план.

-Градежниот инспекторат од општината треба да го спроведе решението за уривање на деветте дивоградби во склоп на „Радика ресорт“. И покрај добиено извршно решение „Радика“ продолжува со градба, велат од иницијативен одбор „Спас за Маврово“.

„Слободен печат“ во повеќе наврати пишуваше за овој проблем.

Во Маврово ескалира проблемот со дивите градби: Протестирал за скината цевка, багерoт му ја прегазил ногата!

Маврово е национален парк, но сепак тоа, велат многумина не го почитуваат. А, горлив проблем на граѓаните е тоа што во домовите воопшто немаат вода иако редовно ги плаќаат сите сметки. За патиштата велат дека веќе 20 години воопшто не се санирани. Сепак меѓу најголемите болки на жителите е што езерото се уништува пред нивните очи.

Националниот парк преплавен со 87 нелегални објекти: Вили никнуваат во Маврово според ДУП од 2015 година?

Тие бараат сите објекти околу езерото да направат пречистителни станици, а не сметот кој што се создава да го испуштаат во езерото да продолжи да го убива водниот свет.

Желбата на жителите е Маврово да се одвои од општина Ростушe, бидејќи целиот приход кој што го собира општината се вложува во Ростушe, а со ова темпо велат, од Маврово нема ништо да остане.

Видео на денот